Среда Сеп 08

ПАРОДИЈАТА НА ВРАНИШКОВСКИ ВАЖИ САМО ВО НЕГОВАТА ЃАВОЛСКА СЕКТА!

21 јули 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја поздравува пресудата на Апелациониот суд во Скопје за потврдување на одлуката на велешкиот основен суд, според која му се потврдува две и пол годишната затворска казна на одродникот Вранишковски.

 

 

Изјавата на ѓаволската секта на Вранишковски, која поттикнува и разгорува национална, расна и верска oмраза, раздор и нетрпеливост, дека тој ќе „го носел и овој крст“ е пародија, затоа што тој од крстот се откажа кога се ороди со српската расколничка црква, грубо злоупотребувајќи ги верските чувства на православните верници од Повардарската епархија и во Македонија, истовремено одродувајќи се од мајката - Македонската црква.

 

СМК со индигнација ги отфрла клеветите на ѓаволската секта на Вранишковски дека во Македонија нема слобода на вероисповеста. Вранишковски и неговите следбеници може да формираат своја верска заедница во согласност со закон, ама не може да се именуваат за Охридска Архиепископија ниту да претендираат на нејзините имоти и наследство, бидејќи Охридската Архиепископија во Македонија е возобновена многу одамна пред неговото раѓање, од домородни Македонци верници, свештеници и епископи во лицето на единствената канонска наследничка - Македонската Црква.

 

Српската Црква која двапати е под шизма на Охридската Архиепископија односно Патријаршија нема легитимно и легално канонско право преку одродникот Вранишковски да ја возобновува мајката црква со која е во раскол.

 

Статусот на Вранишковски е ирелевантен за присуството на македонска државна делегација во Манастирот „Свети Отец Прохор Пчињски“ кога и да е па и на 2 август, и затоа неразумна би била одлуката на Српскиот Синод за забрана на влез на македонска државна делегација во Манастирот и незаинтересираноста на српските власти за спречување на долгогодишното самоволие на српските црковни власти, бидејќи Македонскиот манастир „Свети Отец Прохор Пчињски“ кој е сопственост на Македонската црква, еднострано е анектиран од Србија 1947 година од територијата на Македонија, а тоа Македонците не го забораваат.