Среда Сеп 08

СВЕЧАНО ПРОСЛАВЕН СВ.НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ ВО МЕЛБУРН АУСТРАЛИЈА

Во прекрасниот и раскошен Емералд  Ресепшон во Томастон во преполна сала Охригани заедно со нивните пријатели таа вечер ги имаше од цела Македонија докај што таа се протега до белото море се одржа и овогодишниот свечен Традиционален Охридски бал 2010.
И ова година по традиција со свечен бал се прослави големиот православен празник Свети Наум Охридски Чудотворец. Во организација на исто именото Охридско Социјално Друштво.

 

Иако далеку од родниот Охрид и прекрасните села а со силно чуство на почит и благодарност кон Чудотворната моќ на Свети Наум,Охригани достоинствено го прославија на овој свететел и заштитник на нашиот град Охрид.
Управниот одбор на ова наше друштво се погрижи свечаноста да биде на високо ниво како што  доликува за еден светител,па затоа балот и ова година повторно беше дирекно пренесуван на Радио Лав од Охрид,а на забавата се јави и првиот човек на општина Охрид господинот Александар Петрески како и новинарката на А1 и доста позната меѓу нас иселениците  Нина Кепеска.
На самиот почеток на баллот Васко Ангеловски ги поздрави присутните во преполнетиот ресепшонс  посакуваќи им уште многу години задрави и весели да се слави празникот на заштитникот на нашиот град..
Меѓу присутните беја Вице конзулот на Република Македонија во Викторија господинот Гоце Пејовски со неговата сопруга,градоначалничката на Општина Виталси госпоѓата Мери Лалиос која е од македонско потекло.
Во поздравниот говор господинот Пејовски изрази задоволство што присуствува на овај бал затоа што за него Охрид е најубавит град во Македонија и пошироко на кој беше поздравен со аплаузи.
Присутните ги поздрави и градоначалничката Мери Лалиос која  не можеше да го скрие задоволството што беше присутна меѓу охригани како и од поздравот пренесен преку електронскиот мост  од господинот Петрески,поздравени беа и од преседателот на ова наше друштво господинот Наумовски.Гостите беаа воодушевени од настапот на младите играорки од МКУД Танец од Томастеон кој настапија со кореографија Билјана Платно Белеше.Кум за 2010 година беше младиот Михаил Деспотоски со своите родители ,а за нередната година кум ќе биде господинот Иљо  Ристески За забавниот дел се погрижи доста познатата музичка група Амадеус и пеачот фазли исто така на вечерта беа прикажувани видео спотови и промотивен матерјал од Охрид професионално презентирани од страна на господинот Левко Србиноски ,а за убавите спомени се погрижи Никола Ставрески од Информатор со неговото фотографирање.
 Господинот Ангеловски на крајот упати порака да не се  заборави кои сме и од  каде  сме,и дека никој нема право и сила да одлучува за промена на името на македонците  во Македонија и надвор од неа,нашиот корен е Македонското име и со него никој не смее да тргува истакна Ангеловски.

Текст
Лидија Анеловска 
фото Никола Ставрески Мелбурн Аустралија