СМК ПРЕДУПРЕДУВА НА ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ЏАМИИТЕ ОД РАДИКАЛНИ СЕКТИ
01 јули 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува згрозеност од инцидентот во Иса Бег џамијата во Скопје во која насилно е избркан скопскиот муфија и брутално претепан верник. СМК бара утврдување на идентитетот на насилниците и нивно најостро казнување.
СМК предупредува на радикални секти кои го преземаат владението во џамиите и апелира до власта најсериозно да ги третира овие појави и преземе мерки за нивно елиминирање во зародиш, заради импликациите во општеството и по мирот и безбедноста во земјата.
СМК бара Владата да го заштити интегритетот, владението и сопственоста на Исламската Верска Заедница, посебно џамиите од времето на Отоманската империја кои се дел од културно-историското наследство на државата Македонија.
