Среда Сеп 08

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС :НИ СВЕТИ СПАС НЕ МОЖЕ ДА ЈА СПАСИ СОФИЈА, А КАМО ЛИ СПАСКА ВО БРИСЕЛ!

30 јуни 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла пародијата која бугарската фашистичка партија АТАКА ја приредува пред Европа: именувањето на одродникот Спаска Митрова од страна на европратеникот Димитар Стојанов за „советник за македонски прашања“ во Брисел?!

Злоупотребата на еден семеен проблем во Македонија за политички цели од најниски побуди со фашистички предзнак, доволно зборува до кое дереџе се доведени „Бугарите“ во Бугарија и во кој безизлез плови Софија.

 

СМК најостро го осудува антимакедонизмот на Софија и на бугарските фашисти им порачува дека ни Свети Спас нема да ја спаси Бугарија, а камо ли Спаска Митрова од Гевгелија, бидејќи антимакедонизмот на Софија е антибугарска опција. СМК оценува дека несреќно злоупотребениот случај во кој институтот „мајка“ станува заложник на бугарскиот фашизам, недвосмислено покажува дека сервилноста на Спаска Митрова на фашистичката партија АТАКА не ја прави повеќе за достојна да биде мајка.